24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Американците може да останат без работа поради Брегзит

Трамп: Американците може да останат без работа поради Брегзит

Американскиот претседател Доналд Трамп е загрижен дека Американците би можеле да ги изгубат работните места поради излегувањето на Британија од ЕУ, соопшти неименуван извор.

На состанокот во Брисел со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, Трамп “изразил загриженост дека работните места во САД ќе бидат изгубени поради Брезгит“ додава истиот извор, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Во текот на својата минатогодишна предизборна кампања, Трамп ги критикуваше европските лидери со изјави во кои го поздравува Брегзит и им сугерираше на другите држави да го следат примерот на Британија, неведува британската агенција.

Во Брисел се одржува самит на лидерите на 28 држави членки на НАТО на кој за првпат учествува и Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП