Реалните приходи на Русите продолжуваат да се намалуваат, иако руската економија забележа во 2016-та година регенеративна динамика.
Според податоците во април намалувањето на приходите го достигна нивото од 2009-та година.
„Трошоците, кои беа главен двигател на БДП-то во првиот квартал, во април малку се намалија. Зад ова стои намалување како на реалните плати, така и значително намалување на приходите на населението“, коментира главниот економист на банката Андреј Клепач.
Според податоци на руската статистика во април 2017-та година паричните примања на населението се намали за 7,6% во споредба со април 2016-та година.
Реалните приходи на населението се намалуваат три години по ред: во 2014-та година за 0,7%, во 2015-та година со 3,2% и во 2016-та година за 5,9%.
Покрај тоа, во 2017-та година Владата предвиде раст на реалните приходи на населението од 1%.