24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар дава привилегиран паркинг билет за спортски работници

Општина Центар дава привилегиран паркинг билет за спортски работници

Директорот на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната прес-конференција го претстави новиот привилегиран паркинг билет за тренери и членови во спортски клубови и спортиски друштва со цел полесно извршување на активностите поврзани со вршењето спортска дејност регистрирани на територија на Општина Центар.

„Управниот одбор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта ‘Паркинзи на Општина Центар’ на 66. Седница, одржана на ден 19.05.2017 година, донесе Одлука за воведување и утврдување паркинг билет за тренери во спортски клубови и спортисти (ППКС).

Имено, правото на издавање и користење на овој паркинг билет го остварува секое физичко лице кое е сопственик на патничко моторно возило и е ангажирано како тренер во спортски клуб или е активен спортист во спорски клуб чиешто седиште е регистрирано во Општина Центар.

Потребни документи кои се доставуваат на увид при склучување договор за користење на ППКС се: лична карта; сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган; потврда од спортскиот клуб дека лицето е ангажирано како тренер или дека е активен спортист; тековна состојба за спортскиот клуб издадена од ЦРМ, не постара од 6 месеци и решение за регистрација на спортски клуб издадено од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Цената за овој вид паркинг билет е: еднократен надомест за издавање – 350,00 денари и месечен надомест за користење – 250,00 денари. Договорот за издавање и користење на ППКС може да биде со времетраење најдолго до една година.

Корисниците на ППКС имаат право на користење на конкретното јавно паркиралиште од отворен тип во Зона I, Зона 0I и Зона II за чиешто користење е склучен договор, во вкупно времетраење од 2 часа дневно, а по надминување на истите ќе се применуваат општите услови за користење на јавни паркиралишта од значење за општина Центар со надомест”, изјави директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП