29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо обичај мрачен: Рубини најави крах на пазарот

По обичај мрачен: Рубини најави крах на пазарот

rubini

Познатиот економист Нуриел Рубини, кажа дека пазарите на акции сеуште не се во фаза на создавање на ,,балон”.

Меѓутоа, како што кажува ,,др.Пропаст”, силниот раст на вредноста на ризичните недвижнини би можело  да доведе до опасност од рушење на пазарот.

Тој додаде дека постои голем расчекор помеѓу Волстрит и реалната економија, и дека реалната Американска економија останува слаба.

Неговите коментари се слушнаа на приватна вечера во Лас Вегас, после рекордните достигнувања на ,,Dow Jones” и ,,S&P 500”. ,,Dow Jones” за прв пат во историјата достигна над 15.000 поени.

Овој раст без значителна корекција на цените е благодарение на многу лабавата монетарна политика на најголемите централни банки во светот, како и солидните резултати на компаниите.

Многу аналитичари очекуваат натамошен раст на пазарот, но некои сметаат дека следи пад бидејки ситуацијата во најголемите светски економии не е блескава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП