6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат ризиците, бавно се „чисти“ банкарскиот сектор

Растат ризиците, бавно се „чисти“ банкарскиот сектор

Ризиците по финансиската стабилност во еврозoната се под контрола, но и понатаму се значителни, додека во некои земји дури и пораснале во изминатите шест месеци.

Загриженоста во поглед на одржливоста на долгот порасна, процесот на „чистење“ на банкарскиот сектор е бавен, а ризиците од ненадејно менување на каматните стапки на пазарите за обврзници остануваат значителни, што потенцијално може да доведе до голема загуба на капитал, се наведува во редовниот извештај на ЕЦБ за финансиската стабилност, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Ризиците по одржливоста на суверениот долг на еврозоната пораснаа во изминатите шест месеци“, наведува ЕЦБ.

Постои ризик и дека приносите од обврзниците на еврозоната ненадејно ќе пропаднат без истовремено подобрување на перспективите за економскиот раст, порачува централната банка.

Кога станува збор за решавањето на проблемот со „лошите кредити“ во биланскот на банките, напредокот на тој план, како што наведува ЕЦБ, досега беше бавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП