23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените кои раководат со американски корпорации полека ги стигнуваат мажите

Жените кои раководат со американски корпорации полека ги стигнуваат мажите

Жените на чело на големите американски корпорации минатата година имале зголемена заработка, но и натаму се помалку во однос на мажите, покажува истражувањето на агенцијата Асошиејтед прес.

Просечната вредност на платата за најплатените американски директорки минатата година била 13,1 милион долари, што е за девет отсто повеќе од 2015 година, додека таа плата за мажите била 11,4 милиони долари, исто така девет отсто повеќе од претходната година, покажува анализата на АП и компанијата Еквилар.

Лани меѓу најплатените директори имало шест отсто жени, во однос на пет отсто во 2015 и 2014 година.

Најплатена директорка е Вирџинија Ромети од ИБМ со 32,3 милиони долари, што е зголемување од 63 отсто од претходната година, во главно заради бонусите во акции од 12,1 милион долари што не ги добила во 2015 година.

Ромети со тоа ја престигна Мариса Мејер од Јаху, која падна на второто место со 27,4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП