18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈубилејна парада на 350 возила на Lamborghini

Јубилејна парада на 350 возила на Lamborghini

lambo

„Lamborghini“ во 2013-та година прославува половина век од производството на својот прв спортски автомобил. Една од манифестациите која го одбележува јубилејот е и „The Lamborghini 50th Anniversary Grand Tour“. Оваа ревија на возилата на „Lamborghini“ од сите генерации се оддржува од 7-ми до 11-ти мај во Италија на патека долга повеќе од 1200 километри.

Во оваа парада ќе учествуваат сопственици и продавачи на автомобили на оваа марка од целиот свет. Турнејата стартуваше во вторникот на 7-ми мај во Милано, а целта е во седиштето и местото каде што е основана компанијата „Lamborghini“ во градот „Sant’Agata Bolognese“.

Учесниците во ревијата доаѓаат од 29 земји, а меѓу возилата кои се паркирани на миланскиот плоштад можеше да се видат три „Lamborghini 350 GT“, пет автомобили „400 GT“, 17 примероци од моделот „Miura“, осум на „Espada“, две возила од моделот „Jarama“, 15 „Lamborghini Countach“, 21 „Diablo“, 36 „Lamborghini Murcielago“ и бројни примероци на моделите „Aventador“ и „Gallardo“.

Вкупната снага на паркираните автомобили е проценета на 190.000 ks!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП