13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТужба за Фијат Крајслер поради лажирање на еко-тестовите

Тужба за Фијат Крајслер поради лажирање на еко-тестовите

Американските власти соопштија дека покренуваат судска постапка против Фијат Крајслер под обвинение дека вградил компјутерски софтвер кој на техничката контрола манипулира со нивото на штетни гасови испуштени од дизел возилата, потсетувајќи на аферата со Фолксваген.

Овој софтвер им овозможува на дизел автомобилите со трилитарски мотори да ги задоволат нормите на еко-тестовите, а да ги надминат на патиштата, предупреди сојузната Агенција за заштита на околината(ЕПА), која бара казна за производителот и отштета за купувачите на тие возила.

Американските власти се сомневаат дека Фијат Крајслер го прекршил законот за заштита на околината, премолчувајќи го постоењето на компјутерски софтвер вграден во 104.000 камионети „Рам 1500“ и џипови „Гранд Чироки“ на моделите што се произведувале меѓу 2014 и 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП