КОМПАНИИ

Војната меѓу Nokia и Apple прерасна во партнерство

Компаниите Nokia и Apple потпиша договор за соработка, со што ставија точка на мноштвото судски спорови кои ги водеа со години.

„Договорот за соработка е значаен“, соопштија од Nokia, поранешен водечки светски производител на телефони, а сега провајдер на мрежниот сервис по продажбата на својот мобилен бизнис на Microsoft во 2014 година, пренесува агенцијата АП.

Марија Весељона од Nokia вели дека договорот „ги носи Nokia и Apple од противници на суд до деловни партнери кои работат за бенефитот на своите клиенти“.

Двете компании со години, меѓу себе, водеа мноштво судски постапки поради наводните кражби на патенти.