Пред летната сезона туристичката индустрија на Бугарија се соочува со недостиг на работна сила и затоа бара странски работници за да ја задоволи зголемената побарувачка, пренесува Balkan Insight.
Министерството за туризам предвидува дека бројот на туристите, кои ова лето ќе ја посетат земјата ќе се зголеми за 10%, а според неофицијалните податоци во секторот фалат меѓу 15 и 25 илјади работници.
“Многу сум загрижена. Ние прифаќаме многу повеќе странски туристи и тоа поради различни геополитички фактори, но како ќе им обезбедиме услуги”, коментира Елена Иванова, претседател на Сојузот на сопствениците на Сончев Брег.
“Единствено странците можат да ни понудат некаква можност”, додаде Иванова, објаснувајќи дека Бугарите или бараат работа во странство, или се “млади и неквалификувани луѓе кои не сакаат да работат”.
Таа појасни дека граѓани од Украина и Молдавија, каде има големи етнички бугарски заедници, како од Македонија и Белорусија имаат најавено желба да прифатат да работат во текот на летото во бугарските морски летувалишта.