28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToyota: Нето профит од 9,7 милијарди долари

Toyota: Нето профит од 9,7 милијарди долари

toyota1

Јапонскиот производител на автомобили „Toyota“ денес соопшти дека нето профитот во фискалната година заклучно со март е зголемен за три пати и изнесува 9,7 милијарди долари, додавајќи дека и во текот на оваа година очекуваат одлични резултати.

Јапонскиот гигант во текот на една година, заклучно со март, заработил 962,1 милијарди јени (9,7 милијарди долари), во однос на 283,5 милијарди јени од претходната фискална година, истовремено и приходите се зголемени за 18,7 проценти на 22 милијарди јени, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Toyota“ додава дека во тековната фискална година очекува нето профит од 1,37 билиони јени, благодарение на силната побарувачка на клучните пазари како Азија и САД. Најголемиот светски производител на возила наведува дека за добрите резултати се заслужни факторите во кои се вклучени програмите за штедење и слабеењето на јенот, поради што јапонските извозници како „Toyota“ се повеќе конкурентни во странство.

„Забележавме раст на продажбата во Северна Америка и Азија“, наведе претседателот на компанијата Акио Тојода, додавајќи дека во изминатата фискална година во целиот свет се продадени 8,87 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП