3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото не е виновно за ништо

Еврото не е виновно за ништо

evro1

Еврото останува веродостојна, стабилна и силна валута, истакна претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Еврото не е виновно за ништо, туку економската криза во одделни земји кои ја користат оваа валута, а тоа влијае на еврозоната како целина, вели Баросо и предупредува дека Европската монетарна унија во облик во кој била создадена е со истечен рок на траење.

Еврото останува веродостојна, стабилна и силна валута, изјави Баросо, истакнувајќи дека Европската унија не може да опстои без зрела демократска дебата.

„Нема друга опција освен демократијата, без разлика колку е тешко граѓаните да се уверат во тоа во време на криза и без разлика колку е тешко да се објаснат техничките и понекогаш изразено непопуларни одлуки“, изјави Баросо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП