5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на дипломирани студенти во Македонија

Намален бројот на дипломирани студенти во Македонија

Се намалува бројот на дипломирани студенти во Македонија во споредба со изминатите години.

Во 2016 година бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите во Македонија е намален за 2,5 отсто во споредба со 2015 година. Од вкупниот број студенти 58 отсто се од женски пол.

Вкупно 9480 студенти дипломирале во Македонија лани. Најголем е бројот на дипломирани студенти на државните високообразовни установи – 7307, потоа следуваат приватните високообразовни установи – 2144 и Верските факултети – 29.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 80,5 отсто од вкупниот број дипломирани студенти се редовни, а 19,5 отсто вонредни студенти.Само 36 проценти, пак, од студентите дипломирале во рок, додека 64 проценти дипломирале по рокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП