среда, 1 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Ако се пројде како што треба, следува исплатата за Грција“

„Ако се пројде како што треба, следува исплатата за Грција“

Одлуката за тоа дали Грција направила доволно за да ја добие следната транша која и следува во рамките на програмата за помош би можела да биде донесена веднаш.

Тоа го изјави претседателот на Еврогрупата, Јерон Дајселблум во пресрет на состанокот на министрите за финансии на 19те земји членки на еврозоната, додавајќи дека, доколку се пројде како што треба, договорот за исплата на помошта може да се постигне.

Според одредбите на програмата за помош Грција треба да спроведе низа економски реформи за да ги добие парите од своите доверители ЕУ и ММФ.

Доверителите на Грција во еврозоната исто така кажаа дека ќе понудат можност за олеснување на долгот доколку таа ја исполни својата страна од договорот.

„Очекувам и работам на тоа договорот да се постигне денес, но тоа нема да биде конечен договор. Секогаш сме кажувале дека финалната, конечна одлука за дополнителните мерки за олеснување на долгот ќе дојде на крајот на програмата, што ќе биде следната година“, изјави Дајселблум.

Во пресрет на состаноктот на министрите за финансии на еврозоната во Брисел, грчките официјални лица изразија надеж деќа ќе биде одобрена исплатата за наредната транша кредитна помош, и дека, пред се, јасно ќе се обврзат за донесувањето на мерките кои би и ја олесниле исплатата на огромниот јавен долг од 179 проценти од нејзиниот бруто домашен производ.

Минатата недела грчкиот парламент усвои уште еден пакет мерки за штедење и реформи за да ја добие новата транша помош и ги започна преговорите за намалувањето на товарот од догот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП