ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонската берза најтргувани акциите на Алкалоид АД Скопје

На Македонската берза најтргувани акциите на Алкалоид АД Скопје

Почетокот на неделата на Македонската берза започна со раст на индексот МБИ 10 од 0,66% и заврши на 2.288,31 индексни поени. Вкупниот промет изнесуваше 10.069.404 денари остварен преку 75 трансакции и истргувана количина од 6.174 лотови.

Се тргуваше со вкупно 13 хартии од вредност, при што дури девет беа во раст, три во негатива и една хартија се тргуваше без промена на вредноста. Акциите на Алкалоид АД Скопје беа на врвот со остварен промет од околу 4,5 милиони денари и истргувана од 773 акции по просечна цена од 5.858,72 денари.

Листата на добитници беше долга, и ја предводеше акцијата на Топлификација АД Скопје со раст од 8,88%, истргувани 155 акции по просечна цена од 1.402,42 денари. Зад неа се најдоа акциите на Гранит АД со раст од 3,30%, Уни банка со раст од 2,95% и РЖ Услуги со раст од 1,35%.

Најголем пад на вредноста од 2,22% забележаа акциите на Макстил АД Скопје и тоа 2,2% со минимален промет од 67 илјади денари.

За обврзниците денес немаше заинтересираност, па така индексот ОМБ остана непроменет на претходната вредност од 130,09.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП