Повеќето швајцарски гласачи нa референдумот го подрржаа планот земјата полека да ја напушти нуклеарната енергија и да прејде на обновливите извори.
Како што покажуваат проекциите на првите делумни резултати, повеќето во кантоните се за овој предлог, а за тој дефинитивно да стапи на сила потребно е мнозинство гласови од двата кантони.
Проекциите на швајцарската телевизија SRF покажале дека 58 проценти од избирачите се за, а 42 проценти се против овој предлог.
Планот подразбира поголемо производство на енергија од обновливите извори, намалување на зависноста од увозот, како и производство на енергија од ветрот, но и производство на енергетски поефикасни уреди и автомобили.
Во Цирих, швајцарскиот кантон со најголем број на жители, за новиот закон гласале речиси 60 проценти од гласачите, а во Женева повеќе од 70 проценти. Првите резултати за целата земја се очекуваат денес попладне, а конечните навечер.
Ако биде изгласан новиот енергетски закон, нуклеарните електрани повеќе нема да се градат. Наместо тоа се промовираат обновливите извори на енергија, а потрошувачката на енергија по жител ќе се намали за 43 проценти до 2035 година.