7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir China ќе се поднови со 100 авиони

Air China ќе се поднови со 100 авиони

air-china-airbus-A330-series-fsx1

Кинеската авио-компанија Ер Чајна (Air China) планира да купи 100 авиони од компанијата Ербас (Airbus) се со цел да го прошири својот возен парк и да ги задоволи потребите на кинеските патници.

Државната авио-компанија соопшти дека управниот одбор на компанијата го одобрил планот за купување на авиони, затоа што на располагање имаат само шест авиони од Ербас кои се од типот A340.

Оваа најава уследи по последната посета на Кина на францускиот претседател Франсоа Оланд. Тогаш официјалните лица напоменуваа дека Кина има во план од Франција да купи 60 авиони, сепак таа бројка излезе скоро дупло поголема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП