18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов рекорд на биткоинот - вредност над 2.000 долари

Нов рекорд на биткоинот – вредност над 2.000 долари

На почетокот на оваа година цената на биткоинот се движеше околу нивото од 1.000 долари, па потоа започна полека да расте.

Во меѓувреме во прилог на популарноста на биткоинот се случија неколку работи, како „легализацијата“ на истиот во Јапонија и порастот на побарувачката во Кина поради слабоста на домашната валута.

Несигурноста на валутните пазари исто така ги поттикна луѓето да купуваат биткоин, а од април неговата вредност стреловито расте.

Оттогаш се соборени неколку рекорди, а вчера во вечерните часови беше пробиено уште едно големо психолошко ниво – за еден биткоин потребно е да издвоите повеќе од 2.000 американски долари, што е за прв пат во историјата на оваа виртуелна валута.

Најголема причина за порастот на вредноста која сега ја гледаме повторно е огромната побарувачка за биткоинот во Јапонија и Јужна Кореја, каде цената повремено скокнува и преку 2.300 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП