3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежништвото е во добра кондиција - нема да се менуваат продажните цени

Градежништвото е во добра кондиција – нема да се менуваат продажните цени

gradeznistvo22

Раководителите на компаниите од областа на градежништвото сметаат дека економската состојба во првото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во споредба со истиот период минатата година.

Според денешното соопштение од Државниот завод за статистика, подобра е и оценката за финансиската состојба на компаниите, а поволни се и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период.

Поволна е и оценката за сегашната состојба со порачки (договори), а се подобрува и е над нормала и бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата.

Во следниот период се очекува продажните цени да останат на исто ниво како и во претходното тримесечје.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 24,5 проценти, недоволната побарувачка со 18,8 проценти, конкуренцијата во сопствениот сектор со 12,1 процент и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,8 проценти. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП