19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе отвори новата "Филхармонија"(фото)

Се отвори новата “Филхармонија”(фото)

Македонската филхармонија по 73 години доби сопствен објект во центарот на Скопје. Се градеше седум години, а инвестицијата тежи 37 милиони евра.

Новиот објект се протега на површина од 12.400 квадратни метри. Има две сали – голема сала со капацитет од илјада места и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места, опремени со најсовремени сценско – технолошки системи за врвна акустика.

На отварањето освен претседателот Ѓорге Иванов, премиерот во заминување Емил Димитриев и министерката за култура, Елизабета Канчевска Милеска, присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неговиот братучед и екс директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните министри Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески. На отварањето дојде и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пратеникот Крсто Јовановски и градоначалниците со истечен мандат, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

Дел од партиското раководство, кое не извршува државна функција, седеа во горните ложи, додека во првите редови со своите сопруги беа поздравувани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Емил Димитриев.

Министерката во заминување, Елизабета Канчевска Милеска пред официјалното отворање изјави дека ниту еден политичар не добил покана за присуство, туку, сите си купиле карта за настанот, иако никој од нив не го покажа билетот на влез во салата. На отворањето на Филхармонија немаше претставник од парламентарното мнозинство, како и новиот претседател на Собранието, Талат Џафери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП