На светскиот пазар цената на нафтата минатата недела се зголеми за повеќе од 5 отсто, а благодарение на ОПЕК кој одлучи да го задржи намалувањето на производството и во јуни, цената продолжи да расте.
Во Лондон, цената на барел нафта минатата недела порасна за 5,4 проценти на 53,61 долар, додека на американскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 5,2 отсто на 50,33 долари.
Зголемувањето на цените втора недела по ред се должи благодарение на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК), а и некои производители земји кои не се членки вклучувајки ја и Русија, за продолжување на рокот за намалување на производството за девет месеци, односно до крајот на март идната година.