12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоколку ЕУ бара 100 милијарди евра, Лондон ќе ги напушти преговорите за...

Доколку ЕУ бара 100 милијарди евра, Лондон ќе ги напушти преговорите за Брегзит

Велика Британија ќе ги напушти преговорите за нејзиното излегување од Европската унија (ЕУ), ако Брисел не ја повлече својата намера да бара 100 милијарди евра, изјави министерот за Брегзит Дејвид Дејвис, пишува The Sunday Times.

Во интервју за весникот министерот рече дека разговорите ќе влезат во “криза” уште на самиот почеток, бидејќи ЕУ одбива да води разговори за идниот трговски договор, односно се додека Велика Британија не се согласи да ја плати т.н излезна такса.

Во предупредувачката изјава кон Брисел Дејвис изјави дека останатите земји членки на заедницата ќе треба да ја преиспитаат својата позиција, ако имаат желба да видат напредок во преговорите и додаде дека смета дека “дури една милијарда фунти се многу пари” за Лондон….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП