3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги повика кредиторите да и го „олеснат долгот“

Грција ги повика кредиторите да и го „олеснат долгот“

Грција денеска ги повика кредиторите, Европската унија (ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), да се донесат мерки за “олеснување на долгот”, бидејќи Атина “ги исполни своите обврски” односно ги донесе новите мерки за штедење.

Во пресрет на состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Брисел, Грција се надева дека ќе и биде одобрена следната транша од ветената парична помош.

Атина јасно се обврза дека ќе ги донесе новите мерки за штедење, кои ќе помогнат при олеснувањето на отплатата на огромниот јавен долг од 179 проценти од бруто домашниот производ.

“Нашата земја ги донесе новите мерки во Собранието, и целосно ќе ги исполни своите обврски”, рече грчкиот министер за финансии, Евклид Цакалатос во изјавата дадена за државната агенција АНА.

“Не постои оправдување за одолговлекувањето на одговорот на нашето прашање – олеснување на долгот”, додаде тој.

Грчкиот парламент во четвртокот ги усвои новите мерки за штедење, кои се во износ од 4,9 милијарди евра. Ова од Атина го бараа кредиторите на Грција, со цел да ја одобрат исплатата на меѓународната кредитна помош од седум милијарди долари, која треба да и ќе биде уплатена најдоцна до 20 јули.

Истовремено, Атина на Европската централна банка (ЕЦБ), на нејзините доверители, како и на приватни инвеститори треба да врати 4,2 милијарди долари.

“Одлуките сега се во рацете на институции и тие треба да ни овозможат пристап до” квантитативно олеснување “(преку откуп на долгот од страна на ЕЦБ) и за нашето враќање на пазарот на обврзници”, рече министерот Цакалатос.

Повиците на премиер Алексис Ципрас за олеснување на долгот наидуваат на силен отпор во Германија, која се подготвува за општите избори.

Спротивно на тоа, ММФ е посветена на ова олеснување.

Добро информирани извори, велат дека ММФ и земјите од еврозоната се поблиску до компромис што ќе овозможи да се постигне сеопфатен договор, со кој Грција во 2018 година ќе се врати на пазарот на обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП