13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Ципрас ме присили да ги прифатам барањата на доверителите

Варуфакис: Ципрас ме присили да ги прифатам барањата на доверителите

Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис изјави дека премиерот Алексис Ципрас се обидел да го принуди да ги прифати барањата на меѓународните кредитори, пишува Екатимерини.

“Во текот на летото на 2015 година Ципрас ми рече дека треба да се плашам од ново Гуди”, изјави Варуфакис, мислејќи т.н. воен преврат кој се случил во 1909 година во Грција, а кој бил предизвикан од социјални тензии.

Поранешниот министер посочи дека ја прифатил предметната изјава како закана, со цел да го принудат да се согласи со одлуката на Ципрас да им се предаде на доверителите.

Претходно Варуфакис изјави дека “Грција ќе стане како Косово, протекторат управуван од вработен на ЕУ”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП