6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на градежните активности во ЕУ и еврозоната

Пад на градежните активности во ЕУ и еврозоната

Активностите во градежниот сектор во земјите од Европската унија и еврозоната опаднале во март во однос на претходниот месец, покажуваат првите проценки на статистичката канцеларија Евростат.

На ниво на ЕУ сезонски прилагодените градежни активности се намалени во месец март за 0,8 проценти во однос на претходниот месец, кога според ревидираните податоци на Евростат пораснале за 3,9 проценти.

Во еврозоната, сепак, падот изнесувал 1,1 проценти во однос на февруари, во кој според ревидираните податоци бил забележан скок од 5,5 проценти на месечно ниво.

Во споредба со истиот период минатата година, градежните активности во март пораснале за 3,6 проценти на подрачјето со заедничка европска валута и 3,7 проценти на подрачјето на цела Европска унија.

Падот на активностите во градежниот сектор од 1,1 проценти во еврозонта во март се случил поради падот на активностите во високоградбата од 1,7 проценти, додека во нискоградбата е забележан пораст од 1,1 проценти. За падот од 0,8 проценти на месечно ниво во ЕУ најмногу придонел падот од 1,1 проценти во високоградбата, додека делумна противтежа претставувал порастот во нискоградбата од 0,7 проценти.

Според извештајот на Евростат, од земјите членки на ЕУ за кои беа достапни податоци, најголем пад во градежните активности забележала Франција, 5,1 проценти, следи Шведска со 4,5 проценти и Португалија со 2 проценти.

Од друга страна, со раст на градежните активности на месечно ниво предничат Полка, Словенија, Словачка и Унгарија, со скок од 9,7, 6,5, 3,6, односно 3,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП