Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

В недела ќе се отвори новиот објект на Македонската филхармонија

Време: 16:30

Датум: мај 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Новиот објект на Македонската филхармонија ќе биде отворен в недела, во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата, со која како солист ќе настапи нашиот светски етаблиран пијанист Симон Трпчески.

Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичко­сценската дејност, новиот објект го добива по 73 години од постоењето. Концертот ќе биде под диригентско водство на еден од најпрестижните и најбарани диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази од Русија. Ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев ­ суита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“, Сергеј Прокофјев ­ концерт за клавир и оркестар бр. 3 во C­dur, оп. 26 и од Петар Илич Чајковски ­ симфонија бр. 5 во e­moll оп. 64.

„Многу се вложиле во овој објект и со голема љубов, со многу посветеност и труд во изминатите години како Министерство за култура и како тим кој работел на изградбата на објектот, дале сè од себе да има ваков објект според сите светски стандарди со најврвна акустика. Во изминативе денови присуствував на пробите и вчера кога беше присутен маестро Ашкенази и претходно кога диригираше Борјан Цанев заедно со оркестарот и навистина сум горда и воодушевена од самиот објект и од сето она што успеавме да го направиме со цел да го ставиме во функција објектот и во функција на Македонската филхармонија“, рече министерката за култура, Елизабета Канческа ­Милевска.

„Почестен сум што сум поканет да настапам на отворањето на новата филхармонија заедно со маестрото Ашкенази. Човекот е навистина реткост заради тоа што има исклучително добро срце и широка душа и освен талентот тоа значи многу. Тимската работа со маестрото даде плод и заедно со залагањето на посебно инспирираните музичари на Македонската филхармонија ќе придонесат за убав впечаток кај публиката. Програмата е прекрасно конципирана и можат да се покажат најразличните квалитети на сите инволвирани уметници во неа“, вели Симон Трпчески.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • TI: Сопствениците јавни само во една држава

    TI: Сопствениците јавни само во една држава

    Групата од 20 индустриски и земји во развој (G20) за 2 години бавно напредува со подобрувањето на законските мерки за обезбедување транспарентност. Ова е заклучок…

  • Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Сараевo Бизнис Форум, кој ќе се одржи оваа година на 25 и 26 април во Сараево (БиХ), ќе понуди бројни атрактивни теми за бизнис заедницата…

  • Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Во завршницата од дводневната агенда на првиот Дигитален самит на Западен Балкан министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за информатичко општество и администрација,…

  • Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) го објави почетокот на продажбата на мнозинскиот удел во „Hellenic Petroleum“. Во продажба ќе бидат понудени не помалку од 50,1%…

  • Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит, во рамките на „Натпреварот за убедување“, имаа можност да ги презентираат…

  • Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Десет стартап-компании од шест држави од регионот ги претставија своите бизнис-идеи на „Натпреварот за убедување“, што се одржува денеска на Саемот на ИТ-фирми во рамките…

  • МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    Електромонтерите на МЕПСО, во соработка со активисти на здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, поставуваат 10 нови платформи за гнездење на царскиот орел…

  • ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    Канцеларката Меркел ја поддржува идејата за воспоставување на Европски монетарен фонд (ЕМФ), под услов националната влада да има надзор во неговото функционирање. Имено, германските конзервативци…

  • Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Значителен број на инвеститорите одлучија да не го пријават профитот од тргувањето со дигитални валути, според една студија објавена во „MarketWatch“. Според истражувањето спроведено од…

  • Индеските во плус поради растот на суровините!

    Индеските во плус поради растот на суровините!

    На Азиските пазари, индексите најголем раст забележаа во енергетскиот и рударскиот сектор, бидејќи, растот на нафтата предизвика поскапување на другите суровини. Азискиот индекс „MSCI AC“…