ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот се искачи над рекордните 1.900 долари

Цената на биткоинот се искачи над рекордните 1.900 долари

Криптовалутата биткоин поскапе над рекордните 1.900 долари, охрабрена од глобалната политичка неизвесност и од клучните случувања во светот на виртуелните валути, соопшти „CNBC“.

Околу 16:0 часот биткоинот поскапува за 3% до 1 946,46 долари, според специјализираниот сајт „CoinDesk“.

Неделно дигиталната валута е поскапе за околу 7%.

Пазарната капитализација на биткоинот веќе изнесува 31,89 милијарди долари, што е за 4 милијарди над нивото во понеделникот.

Поскапувањето се должи на повеќе фактори, вклучувајќи ја зголемената трговија во Јапонија и дебати за технологијата на која е основана криптовалутата.

Промените кај јапонскиот јен и јужнокорејскиот вон пораснаа и заедно произведуваат околу 48,6% од трговскиот обем, тврди Специјализираниот веб „CryptoCompare“. Ова се должи на законот кој им овозможува на трговците во Јапонија да го прифатат биткоинот како легална валута.

Од тогаш Јапонија е клучен двигател на трговијата со биткоинот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП