Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Тодоров потпиша договор за изградба на Клинички

Време: 14:22

Датум: мај 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министерот за здравство во техничката влада, Никола Тодоров, официјално го потпиша договорот за изградба на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ со претставници на фирмите изведувачи на работите „Гранит“ и „Бетон“ од Македонија и италијанската „Инсо системи“.

Како што рече во своето обраќање Тодоров, новиот клинички центар ќе биде најмодерен, неговата изградба ќе чини 72 милиони евра, а завршувањето на работите се предвидува за 45 месеци. Ќе се простира на 46.987 метри квадратни корисен простор, ќе има подземје, приземје и девет ката, како и хелиодром. Во него ќе бидат запазени сите мерки за енергетска ефикасност, ќе има најсовремен систем за централизирано управување.

Тодоров подвлече дека на проектот тој и неговиот тим работеле четири години и порача дека „здравјето не препознава политичка или етничка припадност и затоа е најважно да се изгради проектот на време во корист на сите граѓани“.

На потпишувањето беа присутни и техничкиот премиер Емил Димитриев и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски. Никола Тодоров на прашањето на новинарите во кое својство го потпишува договорот, рече дека тој е вице-премиер и министер за здравство во владата на Република Македонија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • TI: Сопствениците јавни само во една држава

    TI: Сопствениците јавни само во една држава

    Групата од 20 индустриски и земји во развој (G20) за 2 години бавно напредува со подобрувањето на законските мерки за обезбедување транспарентност. Ова е заклучок…

  • Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Сараевo Бизнис Форум, кој ќе се одржи оваа година на 25 и 26 април во Сараево (БиХ), ќе понуди бројни атрактивни теми за бизнис заедницата…

  • Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Во завршницата од дводневната агенда на првиот Дигитален самит на Западен Балкан министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за информатичко општество и администрација,…

  • Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) го објави почетокот на продажбата на мнозинскиот удел во „Hellenic Petroleum“. Во продажба ќе бидат понудени не помалку од 50,1%…

  • Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит, во рамките на „Натпреварот за убедување“, имаа можност да ги презентираат…

  • Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Десет стартап-компании од шест држави од регионот ги претставија своите бизнис-идеи на „Натпреварот за убедување“, што се одржува денеска на Саемот на ИТ-фирми во рамките…

  • МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    Електромонтерите на МЕПСО, во соработка со активисти на здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, поставуваат 10 нови платформи за гнездење на царскиот орел…

  • ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    Канцеларката Меркел ја поддржува идејата за воспоставување на Европски монетарен фонд (ЕМФ), под услов националната влада да има надзор во неговото функционирање. Имено, германските конзервативци…

  • Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Значителен број на инвеститорите одлучија да не го пријават профитот од тргувањето со дигитални валути, според една студија објавена во „MarketWatch“. Според истражувањето спроведено од…

  • Индеските во плус поради растот на суровините!

    Индеските во плус поради растот на суровините!

    На Азиските пазари, индексите најголем раст забележаа во енергетскиот и рударскиот сектор, бидејќи, растот на нафтата предизвика поскапување на другите суровини. Азискиот индекс „MSCI AC“…