2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисменот Тапи мора да врати 404 милиони евра

Бизнисменот Тапи мора да врати 404 милиони евра

Апелациониот суд во Франција му наложи на францускиот бизнисмен Бернард Тапи да ги врати сите 404 милиони евра, колку што со одлуката на Арбитражниот суд му биле исплатени во спорот околу продажбата на компанијата Адидас.

Утврдено било дека Тапи имал врски со еден од судиите кого државата го именувала да го реши неговиот спор против банката Кредит Лион од 2008 година во врска со продажбата на компанијата Адидас, чиј сопственик беше Тапи од 1989 година.

Тапи во 2007 година продажбата на компанијата ја довери на банката која потоа ја тужеше дека во постапката на продажба го оштетила.

И на актуелниот директор на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) Кристин Лагард и се судеше заради последиците од тој спор, бидејќи таа во тоа време како министер за финансии, одобри тој судски спор да се реши со арбитража и државата во 2008 година му исплати на Тапи 400 милиони евра отштета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП