12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден ден на море чини и повеќе од 35 евра

Еден ден на море чини и повеќе од 35 евра

Доколку и оваа година одлучите летото да го поминете во некои од најпопуларните дестинации на грчкото крајбрежје, десет дена минати на море може да ве чинат и повеќе од самиот аранжман.

Просечната цена за комплетен аранжман во екот на сезоната чини околу 300 евра по лице, додека во зависност од дестинацијата за „ситни трошоци“ потребно е да се одвојат дополнителни 35 евра за ден.

За чадор и лежалки, на повеќето плажи нема потреба да дадете дополнителни пари доколку нарачате пиење, но за тоа ќе треба да одвоите околу 5 евра, додека на малку поексклузивните плажи, ова задоволство може да чини повеќе отколку ноќевањето во еден просечен апартман, па така на некои острови треба да дадете околу 15 евра, не сметајќи ги пијалоците.

Доколку вашето летување сакате да го збогатите со некои дополнителни содржини, како грчка вечера, крстарење или излегување во некој ноќен клуб, за ова може да потрошите и повеќе од 60 евра. Зa вечера во еден ресторан просечен пар треба да плати околу 40 евра, додека за гиро потребно е да одвоите до 7 евра.

Кога ќе се соберат сите десетдневни „ситни“ трошоци на плажа, сметајќи ги и оброците во еден од приморските ресторани, тие може да изнесуваат и повеќе од самиот комплетен туристички аранжман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП