21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе откажал од богатството, авионот го заменил со велосипед

Се откажал од богатството, авионот го заменил со велосипед

tom2

Режисерот Том Шедијак кој зад себе има успешни комедии, пред повеќе од пет години заработувал милиони долари.

Но, по несреќата со велосипед по која станал многу чувствителен на бучава и светлина, холивудскиот раскош го заменил со далку поедноставен живот.

Шедијак се иселил од својата голема вила во Пасадена и се преселил во мала куќа која се наоѓала во Малибу. Приватниот авион го заменил со велосипед и многу од работите кои ги поседувал ги разделил, но истото го направил и со парите кои ги заработил.

Во разговорот со новинарите, тој изјавил „Верувам дека сум бил најнеуспешниот кога имав се“. Живеев живот на богаташ во кој беа вклучени приватни авиони, вили и еден куп работи“.

Шедијак отворил прифатилиште за бездомници во Вирџинија, тој дава големи износи во добротворните здруженија и воедно се грижи за заштитата на животната средина и животните.

„Колку повеќе давам, толку побогато се чувствувам. За се што сум подарил, многу повеќе ми се вратило. Стапицата на славата и богатството е токму – стапица. Никој во својата смртна постела не побарал повеќе пари, сите побарале повеќе живот. Сите се среќни ако имаат семејство или ако биле дел од нешто поголемо“, изјавил тој.

Дел од неговите успешни комедии се филмовите “Ace Ventura”, “Bruce Almighty” и “The Naughty Professor”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП