6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ наскоро ќе го разгледа стопирањето на стимулативните мерки

ЕЦБ наскоро ќе го разгледа стопирањето на стимулативните мерки

Официјалните претставници на Европската централна банка ЕЦБ сугерираа дека на следниот состанок би можеле да го разгледаат стопирањето на стимулативните мерки воведени со цел да се поттикне економскиот раст.

Од пишаниот извештај од состанокот одржан на 27 април се гледа дека членовите на советот на ЕЦБ за одредување на каматите очекуваат дека, ако продолжи економското закрепнување, мора да се размисли за „прилагодување на сегашните стимулации“.

Тој совет на следниот состанок ќе има нови прогнози за степенот на раст и инфлацијата, па советот ќе биде во „подобра позиција“ да ја процени ситуацијата.

ЕЦБ претходно соопшти дека планира да продолжи да откупува обврзници во вредност од 60 милијарди евра месечно дури и до крајот на годината.

Годишната инфлација во април изнесуваше 1,9 проценти, што е во склад со целта на ЕЦБ да се достигне инфлација од нешто под два проценти.

Постепеното намалување на купувањето на обврзници ќе има далекусежни последици на пазарите, инвеститорите и владите. Со купувањето на обврзници се одржуваа пониски каматните стапки и се вбризгуваа пари во банкарскиот систем, со цел поттикнување на кредитите за компаниите со цел тие да го шират својот бизнис и да вработуваат повеќе луѓе.

Во извештајот од состанокот, сепак, се наведува дека степенот на инфлација сеуште не е „траен и самоодржлив“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП