22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде, по ѓаволите, се бегалците?

Каде, по ѓаволите, се бегалците?

Што се случува со оние над милион бегалци кои пристигнаа во Германија по летото 2015-та? Половина од нив се подготвуваат за излез на пазарот на трудот, и обично почнуваат во ниско платените професии – како чистачи, курири, кујнски персонал.

Миграцискиот бран кон Германија се повлече, барем во прво време. Во земјата е мирно, пишува „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ и информира дека приемните центри во Германија се полупразни. Во провинцијата Хесен, на пример, во есента 2015-та имало 62 приемни центри, а таму беа сместени 25.000 бегалци. Денес работат само 9 центри, кои даваат засолниште на 2.500 бегалци. И во другите германски провинции нагло опаднал бројот на бегалците кои се сместени во малиот број на центри кои сеуште работат. Дел од засолништата се одржувани во мирување – во случај дека во текот на летото ќе почнат да пристигнуваат повеќе бегалци.

Но, што се случува со сите оние луѓе кои пристигнаа во Германија во текот на летото на 2015-та година? Каде се, како живеат, колку од нив најдоа работа?

Секој кој ќе побара одговор на овие прашања, ќе треба да се во костец со безброј статистики, да разговара со градоначалници и специјалисти од канцелариите за труд и, природно, да се сретне со самите бегалци. Токму тоа го направил новинарот на „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, кој резимира дека конечно се појави една отрезнувачка слика со неколку зраци на надеж.

Уште на самиот почеток се виде дека многу од бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан не само што не ги поседуваат потребните јазични познавања, но и немаат никаква професионална квалификација. Односно, дека не можат брзо да најдат работа. До средината на минатата година триесетте најголеми германски компании кои се застапени на берзата, беа вработиле едвај 54 бегалци, а 50 од нив работат за концернот „Deutsche Post“.

Веќе е јасно дека ќе треба доста време додека бегалците да можат да излезат на пазарот на труд. Овој заклучок се одразува и во статистиката на Федералната агенција за труд. Само во 2015-та година во Германија пристигнаа 890.000 лица, а во 2016-та уште 280.000.

Повеќето од овие луѓе не се бројат во статистиката за невработеноста, бидејќи се уште се во процес на обука и квалификации. Во март како бараат работа беа регистрирани близу половина милион бегалци. Од нив 83.000 беа вклучени во „настани во рамките на политиката за пазарот на труд“, 166.000 во курсеви за интеграција. Како невработени се регистрирани само 177.000. Повеќето од нив можат да вршат само помошни активности и бараат работа како чистачи, курири, кујнски персонал или во трговијата.

Од статистиката се гледа дека до денес само мал број бегалци нашле социо-обезбедена работа. И пак, како што може да се очекува, половина од овие луѓе вршат помошни активности. За да избегаат од невработеноста, новодојдените обично ги прават првите чекори како наемници, во сферата на услугите или угостителството, често пати и во автосервисите.

Стекнатото веќе долгогодишно искуство покажува и уште нешто: да, многу важно за бегалците е да најдат работа. Но тоа не е сè. За да бидат успешно интегрирани овие стотици илјади луѓе, многу е важно каков уште отпрвин ќе биде нивниот живот во Германија – дали ќе најдат пријатели, дали ќе се разбираат со соседите. Во многу случаи се покажува дека условите за сето тоа се многу поповолни на село, отколку во големите градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП