2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco дели 1.100 откази

Cisco дели 1.100 откази

Американската компанија од областа на компјутерските мрежи „Cisco“ ќе отпушти 1.100 вработени, откако во изминатиот квартал оствари лоши финансиски резултати.

Компанијата „Cisco“, која минтата година најави дека ќе отпушти околу седум проценти од работната сила или 5.800 луѓе, соопшти дека моментанлно се неопходни дополнителни скратувања, не давајќи повеќе детали.

На крајот на јануари, компанијата имаше 71.959 вработени.

Во третиот фикален квартал, завршен во април, нето профитот на „Cisco“ порасна за седум проценти на 2,52 милијарди долари на годишно ниво, што е под очекувањата на Волстрит, додека приходите опаднале за 0,5 проценти на 11,94 милијарди долари.

По најновото соопштение, акциите на компанијата паднаа за повеќе од пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП