26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија лани ја посетиле рекордни 37,6 милиони странци

Велика Британија лани ја посетиле рекордни 37,6 милиони странци

Во 2016-та година Велика Британија пречекала рекорден број странски посетители – 37,6 милиони луѓе, од кои половината само во главниот град Лондон. Ова го објави британската Национална статистичка служба, цитирана од светските медиуми.

Резултатот покажува раст од 4% во однос на 2015-та година, забележуваат агенциите, повикувајќи се на агенцијата. Овие странци потрошиле вкупно 22,5 милијарди фунти (26 милијарди евра), со 2% повеќе на годишна основа.

Статистичарите истакнуваат дека ова е шестиот последователен пораст на посетителите, чиј број се движел околу 25 милиони пред 20 години.

Најмногу биле туристите (13,9 милиони), следени од пристигнатите кај роднини (11,6 милиони) и патниците по бизнис (9,2 милиони).

По потекло најбројни биле Французите (4 милиони), Американците (3,5 милиони) и Германците (3,3 милиони).

Очекувано Лондон останува најбараната британска дестинација со 19,1 милиони посетители. Следуваат Единбург (1,7 милиони) и Манчестер (1,2 милиони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП