28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладините корупциски скандали ги потресоа бразилските пазари

Владините корупциски скандали ги потресоа бразилските пазари

Претседателот на Бразил Мишел Темер ги откажа сите планирани активности за денес, а обата дома на парламентот ги прекинаа седниците, со што уште повеќе се продлабочи кризата во земјата по објавувањето на наводите за вмешаност на шефот на државата во корупција.

Во неколку градови се планираат протести, а опозициските политичари преку Твитер повикаа на оставка и отповикување на Темер, тврдејќи дека неговата влада повеќе нема легитимитет.

Главниот бразилски индекс Ибовеспа падна за 10 отсто час и половина по отворањето на берзата, а тргување беше запрено по половина час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП