Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Наградата „Даница Ручигај“ во рацете на Бистрица Миркуловска

Време: 08:33

Датум: мај 19, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Поетесата Бистрица Миркуловска е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.

Наградата на Бистрица Миркуловска и е доделена за стихозбирката „Фатаморгана“ објавена во издание на „Академски печат“ од Скопје. Признанието ќе биде врачено на манифестацијата “Празникот на лишите“ што ќе се одржи во средината на јуни.

Селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, Мирјана Стојановска, претседателка на Клубот на писателките при ДПМ, во образложението на одлуката, меѓу другото, пишува: „Новата книга на Бистрица Миркуловска е резултат на нејзиното богато творечко искуство кое во тековите на современата македонска поезија во изминатите неколку децении остави свои препознатливи белези. Во наградената стихозбирка доаѓа до израз лирскиот пристап, со суптилни творелки трепети за смислата на постоењето, со изразито лични акценти, но во контекстот на размислувањата за универзалната човекова егзистенција. Книгата „Фатаморгана“ остава впечаток и со внатрешната структуираност на мотивско-тематски и стилско-ирзазен план како јасно заокружена творечка целина.“

Бистрица Миркуловска е доајенка на ДПМ. Родена е 1930 година и е автор на повеќе од 20 стихозбирки.

Покрај поезија, пишува и проза, литература за деца, а активно се занимава и со превод. Својот работен век го помина како професор по словенечки јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1971 година.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Жена ми се вика Борис“ гостува во охридскиот театар

    „Жена ми се вика Борис“ гостува во охридскиот театар

    Театар Комедија ја продолжува својата мисија на гостување низ театрите во Македонија, а овојпат, на 21 април, ќе гостува во Народен театар Охрид со хит-претставата…

  • Објавен осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли во „Политика“

    Објавен осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли во „Политика“

    Белградскиот весник „Политика“ во рубриката за култура објави осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли.  Романот „Зад аголот“ во превод на српски јазик на Зоран Ж.…

  • Филмски фестивал за млади „Џифони патува во Берово“

    Филмски фестивал за млади „Џифони патува во Берово“

    На 21 и 22 април ќе се одржи филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Берово“ како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“ во помалите…

  • Билетите за „Ентер-фест“, дефинитивно, 990 денари за сите вечери

    Билетите за „Ентер-фест“, дефинитивно, 990 денари за сите вечери

    Денес, точно напладне, почна претпродажбата на билетите за петдневниот музички фестивал „Ентер-фест“, што ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни. Како…

  • „Бикини Мун“ на Манчевски почнува турнеја низ Македонија

    „Бикини Мун“ на Манчевски почнува турнеја низ Македонија

    Со проекциите во Штип на 20 и 25 април почнува турнејата со киноприкажување во Македонија на „Бикини Мун“, петтиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо…

  • Пролетно издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“

    Пролетно издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“

    Овој петок и сабота, 20 и 21 април, во Кинотеката на Македонија, филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ ќе го организира „Пролетното…

  • Недела на современиот фински филм во Кинотеката на Македонија

    Недела на современиот фински филм во Кинотеката на Македонија

    Неделата на совремниот фински филм ќе се одржи од 24 до 29 април во Кинотеката на Македонија. Селектор на филмовите е српскиот режисер Бојан Вулетиќ.…

  • Објавен трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“ (видео)

    Објавен трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“ (видео)

    Необичното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивниот живот во превртениот транзициски свет се центар на дејството на „Година на…

  • На „Ентер-фест“ во Скопје ќе настапи Ера Иштрефи

    На „Ентер-фест“ во Скопје ќе настапи Ера Иштрефи

    Ера Иштрефи, новата светска атракција, неофицијално е една од учесничките на претстојниот „Ентер-фест“, кој почнува на крајот на мај во Скопје. 23-годишната Ера Иштрефи бргу…

  • Објавен автобиографскиот роман „Апнеја“ од Лоренцо Амури

    Објавен автобиографскиот роман „Апнеја“ од Лоренцо Амури

    Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Апнеја“ од италијанскиот писател Лоренцо Амури, кој ги раскажува своите вистински доживувања по скијачката несреќа од која останал речиси…