26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку проектот „Учиме претприемништво“ обучени 72 наставника

Преку проектот „Учиме претприемништво“ обучени 72 наставника

Со проект „Учиме претприемништво“ досега во Македонија се обучени 72 наставници, а во тек е обука на уште 27. Резултатот од проектот е зголемување на квалитетот на наставата по претприемништво во стручното образование. Проектот се спроведува на регионално ниво во Македонија, Албанија и Косово.

На завршната конференција од проектот денеска се обратија министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, австриската амбасадорка Ренате Коблер и директорката на Центарот за стручно образование и обука Ајше Селмани.

Министерот Лутфиу нагласи дека претприемачкото образование е меѓу приоритетите на МОН и додаде оти е неопходно развивање претприемнички дух кај младите.

– Развојот на претприемништвото резултира со зголемување на креативноста, иновативноста и развој на нови производи и услуги кои поттикнуваат зголемување на конкурентноста и структурни промени во создавањето нови работни места, рече министерот за образование Пиштар Лутфиу.

Амбасадорката Коблер истакна дека ова е уште еден пример на соработка меѓу Австрија и Македонија во образованието. Според неа, учениците кои имаат знаења по претприемништво имаат поголеми можности за вработување.

Директорката на Центарот за стручно образование и обука Селмани рече дека во „Стратегијата за претприемничко учење во Република Македонија 2020“ се нагласува подобрувањето на претприемачките вештинини и компетенции на сите нивоа и форми на образование и обука во соработка со бизнис секторот.

На завршната конференција присуствуваа обучувачи, директори, наставници и ученици.Главен носител на регионалниот проектот е Култур контакт од Австрија, а национални партнери во спроведувањето на проектот во Македонија беа Министерството за образование и наука (МОН), Центарот за стручно образование и обука, Волонтерски центар Скопје и сите училишта кои се вклучија во проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП