3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанок на продажбата преку интернет?

Данок на продажбата преку интернет?

danokinternet1

На праксата за неоданочување на стока која се продава преку интернет наскоро може да и се стави точка во САД.

Имено, американскиот Сенат усвои мерка со која ќе ги обврзе интернет гигантите како што е „Amazon“ или „eBay“ да плаќаат данок на продажбата во согласност со локалните закони.

Зa овој закон да стапи на сила потребнo е тој да биде усвоен од долниот дом на американскиот Конгрес, во кој повеќето од претставниците не се согласуваат со досегашното непостоење на ваков вид на данок, пренесува агенцијата АФП.

Доколку овој закон биде усвоен во американскиот Конгрес, секоја од 50 држави ќе ја оданочува продажбата во согласност со локалните закони. Висината на овој вид на даноци варира од држава во држава во опсег од 2,9 до 7,5 проценти.

Претставниците на Белата куќа објаснуваат дека новиот закон ќе обезбеди рамноправност во продажбата, бидејќи даночната стапка ќе биде еднаква за производите во продавниците, како и за производите кои се пласираат преку интернет.

Истовремено, оваа мерка е одлична за држава која во моментов спроведува мерки за штедење, така што на овој начин таа дополнително ќе го потполни буџетот. Според оценките на аналитичарите, државата минатата година, поради неоданочување на продажбата преку интернет изгубила 23 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП