6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобри вести за Русија, економијата закрепнува

Добри вести за Русија, економијата закрепнува

Руската економија во првиот квартал од оваа година го забрза растот започнат на крајот на 2016 година, по две години рецесија, покажуваат статистичките податоци.

Рускиот статистички институт Росстат соопшти дека бруто домашниот производ во првиот квартал пораснал за 0,5 проценти на годишно ниво, што е малку повеќе од 0,4 проценти колку што прогнозираше владата.

На помалку од година дена пред претседателските избори во март 2018 година, на кои се очекува повторно да се кандидира актуелниот претседател Владимир Путин, со исклучок на некои изненадувања, се потврдува тенденцијата на раст после тешката криза која го погоди животниот стандард и доведе речиси 20 милиони Руси на границата на сиромаштија.

Во четвртиот квартал од 2016 година Русија забележала раст на БДП од 0,3 проценти, што беше првиот регистриран раст од четвртиот квартал во 2014 година.

БДП на Русија опадна за 2,8 проценти во 2015 година и за 0,2 проценти во 2016 година, поради падот на цените на нафтата и западните санкции воведени поради украинската криза.

Кризата се одрази и на растот на цените и силниот пад на куповната моќ и потрошувачката на населението.

Владата очекува дека економското закрепнување постепено ќе забрзува во текот на годината и очекува раст од 2,0 проценти за 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП