26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо сабота во Скопје ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози...

Во сабота во Скопје ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“

Ревијална трка „Вози право, вози здраво“ в сабота ќе одржи во Скопје. Целта е подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на чисти транспортни средства.

Заедно собраните извозени „метри“ ќе бидат преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедска култура.

„Вози право, вози здраво“ vol. 3 е овој пат во пролетна шема со повеќе интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк. Ревијалната трка е предвидено да почне во 12 часот, од порта „Македонија“, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на денот пред трката на пултовите веќе од 11 часот.

На ревијалната трка повторно може да учествуваат сите граѓани кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка на линкот за регистрација https://apply.stb.com.mk/vozipravovozizdravo.

Во меѓувреме, во Градски парк, позади споменикот на Гоце Делчев ќе биде поставена бина на посетителите, понудени ќе бидат бројни забавни содржини како настапот на Бета хаус, претстава со Тања Павловска Кочовска, игри, подароци, предизвици и други изненадувања.

За сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а редните броеви на учесниците ќе бидат дел и во извлекувањето на наградната лотарија согласно категоријата во која припаѓаат: Фикси велосипеди, Спесалед Го-про камери, Ховер Боард-и, СЕМОС обуки, спортска опрема и други вредни подароци.

Поради трката ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката во центарот на Скопје. На ревијалната трка ќе учествуваат повеќе од 2.000 граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП