10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската индустрија во полн залет

Американската индустрија во полн залет

Американските фабрики во април фатија залет забележувајќи го највисокиот раст на производството од февруари 2014 година, известува Блумберг.

Според податоците на ФЕД, фабричкото производство во април пораснало за 1,0 проценти по падот од 0,4 проценти во март, додека вкупната индустрија (вклучувајќи ги рудниците и комуналните претпријатија), исто така е зголемена за 1,0 проценти, по нагоре ревидираниот раст од 0,4 проценти во претходниот месец.

Искористеноста на капацитетот, која мери колкав потенцијал на фабриките се користи, се искачи на 76,7 проценти, на највисокото ниво од август 2015 година, од мартовското ниво од 76,1 проценти.

Комуналниот сектор забележа раст од 0,7 процентни поени во април, по залетот од 8,2 проценти во март.

Производството на моторни возила се зголеми за 5,0 поценти.

Кога ќе се исклучи производството на автомобили и автомобилски делови, индустриското производство пораснало во април за 0,7 проценти втор месец по ред.

Рударството напредувало за 1,2 проценти, за што најмногу придонел ископот на јаглен и бушењето за нафта. Производството на нафта и гас пораснало за 9,0 проценти.

Зголемена е и продукцијата на стока за широка потрошувачка во април за 1,5 проценти, најмногу од ноември 2014 година. Производството на деловна опрема регистрираше раст за 1,2 проценти, а на машини за 0,9 проценти, пренесе њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП