Најбогатите луѓе во светот изгубиле 35 милијарди долари во средата, кога глобалните берзи беа потресени од политичките превирања во САД, покажува „Bloomberg Billionaires Index“.
Бил Гејтс – најбогатиот човек во светот со богатство кое се проценува на 86,8 милијарди долари, изгубил 1 милијарди долари, откако цената на акциите на најголемиот холдинг „Microsoft“ забележаа пад од 2,8%.
Коосновачот на „Amazon.com“ Џеф Безос, на кого претходно оваа недела не му достигнаа само 4 милијарди долари, за да го надмине Гејтс на лидерското место, падна до третата позиција, губејќи 1,7 милијарди долари поради падот на цената на акциите на компанијата со 2,2%.
Шпанскиот магнат Амансио Ортега изгубил 355 милиони евра до крајот на денот, издигајќи се до второ место на листата со богатство од 83,2 милијарди долари.
Глобалните берзански индекси паднаа откако политички превирања ја зафатија Белата куќа поради истрагата околу односите на американскиот претседател Доналд Трамп и разрешувањето на директорот на ФБИ Џејмс Коми. Цените на американските акции забележаа најголем пад од септември наваму, па технолошкиот „Nasdaq Composite“ падна за 2,6%. „MSCI All-Country World Index“ се намали за 1,2%, а банкарскиот сектор се претстави најлошо.
Основачот на „Facebook“ Марк Цукерберг беше најсилно погоден од турбуленциите, губејќи 2 милијарди долари, откако акциите на гигантот во социјалните медиуми поевтинија со 3,3%. Цукерберг е петти човек по богатство на планетата со 62,3 милијарди долари, покажува индексот.
Трамп – првиот милијардер кој станал претседател на САД – поседува нето богатство од 3 милијарди долари и не е дел од индексот на „Bloomberg“, кој секојдневно ги проценува 500-те најбогати луѓе во светот. Нивното вкупно богатство изнесува 4,9 илјади милијарди долари, а е зголемено за 455 милијарди долари во 2017-та година.