25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги поедноставува правилата за јавни инвестиции во пристаништа и аеродроми

ЕК ги поедноставува правилата за јавни инвестиции во пристаништа и аеродроми

Новите правила за државна помош ги одобри денеска Европската комисија (ЕК). Промените влијаат на јавната поддршка за пристаништа, аеродроми, култура и најоддалечените региони, од кои се ослободува од претходната контрола на Комисијата.

Целта е да се олеснат јавните инвестиции, а во исто време да се задржи конкуренцијата, се наведува во соопштението на ЕК.

Од таму се потсетуваат дека вкупната регулатива за групно изземање од 2014-та година им овозможи на земјите членки да применуваат широк спектар на мерки за државна помош без претходно одобрување, бидејќи е малку веројатно тие да ја нарушат конкуренцијата.

Како резултат на тоа, околу 95% од мерките за државна помош, имплементиран од земјите членки (со вкупен годишен трошок во износ од околу 28 милијарди евра), уживаат ослободување. На пример, во областа на истражувањето, развојот и иновациите бројот на известувања се преполовени од 2014-та година.

По две јавни консултации, Комисијата сега ги вклучи во оваа регулатива пристаништата и аеродромите.

Земјите членки веќе можат да вршат јавни инвестиции во регионални аеродроми кои служат до 3 милиони патници годишно, без претходна контрола од страна на Комисијата. Ова ќе ги олесни јавните инвестиции во повеќе од 420 аеродроми во ЕУ (во кои поминува близу 13% од воздушниот сообраќај).

Регулативата им овозможува на јавните органи да ги покриваат оперативните трошоци на малите аеродроми кои имаат до 200.000 патници годишно. Бројот на овие мали аеродроми е еднаков на бројот на речиси половина од сите аеродроми во ЕУ, но нивниот уделот од воздушниот сообраќај е само 0,75%. Додека овие мали аеродроми може да придонесат значително за поврзување на соодветниот регион, малку веројатно е тие да ја нарушат конкуренцијата на единствениот пазар.

Што се однесува до пристаништата, сега земјите членки можат да вршат јавни инвестиции во износ до 150 милиони евра во пристаништата и до 50 милиони евра во внатрешни пристаништа без претходна контрола од страна на Комисијата. Регулативата овозможува да се покриваат трошоците за коритата во пристаништата и водните патишта за пристап.

Во регулативата е предвидено поедноставување во неколку други области. Особено Комисијата ќе ги разгледува само најзначајните случаи на државна помош поврзани со повисок износ на помош за културни проекти (и само ако овие мерки всушност претставуваат државна помош што во повеќето случаи не е така), и за мултифункционалните спортски игралишта.

Комисијата исто ги менува правилата, благодарение на кои јавните власти ќе можат полесно да ги компензираат претпријатијата за дополнителните трошоци кои ги преземат кога вршат дејност во најоддалечените региони на ЕУ.

Иницијативата има за цел да го намали административниот товар за јавните органи и другите заинтересирани страни.

Регулативата за измена ќе стапи во сила 20 дена по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП