5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во ЕУ се забрза до 2% во април

Инфлацијата во ЕУ се забрза до 2% во април

Инфлацијата во Европската унија во април се забрза до 2,0% на годишна основа во однос на дефлацијата од 0,2% за истиот период од минатата година, покажуваат последните податоци на „Евростат“, објавени денеска. Забрзување има и во однос на претходниот месец, кога инфлацијата била на ниво од 1,6%.

Индексот на потрошувачките цени во еврозоната исто така се зголемува – со 1,9% во однос на намалување од 0,2% во април 2016-та година. На месечна основа забрзувањето е за 0,4 процентни поени.

Најслабо забрзување на инфлацијата во април е забележан во Романија (0,6%), Ирска (0,7%) и Словачка (0,8%). Најбрзо е забрзувањето во Естонија (3,6%), Литванија (3,5%) и Латвија (3,3%).

Спрема март 2017-та година инфлацијата се забавува во шест земји членки, останува без промена во три и се забрзува во останатите 19.

Најголемиот пораст врз инфлацијата во еврозоната имале горивата за транспорт (+0,39 процентни поени), пакет празници (+0,12 пр.п.) и горивото за греење (+0,11 пр.п.). Во надолна линија, пак, се имаат огромна улога телекомуникациите (-0,11 процентни поени), облеката (-0,08 пр.п.) и лебот и житни производи (-0,05 пр.п.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП