5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Велика Британија достигна 42-годишен минимум

Невработеноста во Велика Британија достигна 42-годишен минимум

Растот на платите во Велика Британија заостанува зад инфлацијата за прв пат од две и пол години во почетокот на 2017-та година, нагласувајќи го растечкото влијание на „Brexit“ на многу домаќинства.

Официјалните податоци покажуваат дека платата без бонусите е зголемена за 2,1% на годишна основа, што е најслабиот раст од јули минатата година и е под очекувањата за 2,2% во анкетата меѓу економистите на „Ројтерс“.

Тоа значи дека платите, приспособени наспроти инфлацијата, се намалени за 0,2% во првите три месеци од годинава, што е првото намалување од третиот квартал на 2014-та година.

И додека зголемувањето на платите е слабо, има други знаци за постојана сила на британскиот пазар на труд.

Невработеноста во периодот од јануари до март неочекувано падна до најниско ниво од речиси 42 години до 4,6%. Економистите анкетирани од „Ројтерс“, очекуваа нивото да остане без промена кај 4,7%.

Бројот на вработените исто така се зголеми со 122.000 лица, што значи дека нивото на вработеноста постигна нов рекорд од 74,8%, изјави Националната статистичка служба.

Англиската централна банка ги следи внимателно знаците за раст на платите, што може да ја зајакне инфлацијата, забрзувајќи се повеќе до околу 3% поради намалувањето на фунтата од референдумот околу „Brexit“ и поради поскапувањето на нафтата.

Засега централната банка смета дека притисокот врз повеќето работодавци за острото зголемување на платата е слаб, што во принцип би довело до постојан проблем со инфлацијата.

Банката ги омекна прогнозите за раст на невработеноста, очекувајќи таа да остане 4,7% во оваа година. Тоа сепак е над нивото што банката смета за инфлациските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП