28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоздавањето на банкарската унија клучен дел од напорите на Европа

Создавањето на банкарската унија клучен дел од напорите на Европа

sojble1

Министрите за финансии на Франција Преј Московиси и Германија Волфганг Шојбле, денес ја потврдија посветеноста да помогнат во надминувањето на кризата во еврозоната што е можно поскоро.

Московиси и Шојбле на состанокот во Берлин разговараа и за дефицитот во буџетите на членките на европскиот блок.

Шојбле изјави дека за него, создавањето на банкарската унија е клучен дел од напорите на Европа да ја надмине финансиската и должничката криза.

Тој создавањето на банкарската унија го нарече „приоритетен проект“ и вети дека ова прашање ќе се разреши што е можно поскоро.

„Мораме на најдобар начин да ги искористиме основните моментални договори, но таму каде што не можеме инстутиционално да оствариме успех, ќе работиме на меѓувладино ниво па дури и на билатерален план“, изјави Шојбле.

Неговиот француски колега Пјер Московиси изрази задоволство што Европската комисија на Париз му одобри дополнителни две години за намалување на буџетскиот дефицит на ниво под три проценти, како што е предвидено со европските регулативи.

Тој нагласи дека државите мора да ги намалат своите долгови, но дека треба тоа да го направат на начин со кој нема да го загрозат економскиот раст на својата земја, тој додаде дека Париз не смета дека одлуката на Европската комисија е изговор за игнорирање на спроведувањето на потребните структурни реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП