18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ10 возила со кои никој не сака да се раздели

10 возила со кои никој не сака да се раздели

Експертите од компанијата за анализи „iSeeCars“ неодамна го објави своето истражување за автомобилите со кои нивните сопственици најбрзо ќе се разделат по купувањето како нови. Сега тие составија нов листа – на моделите чии сопственици ги користат колку што е можно подолго време.

Анализирани се вкупно 16 милиони трансакции за продажба на автомобили, за да може да се утврдат оние со кои нивните возачи не сакаат да се разделат. На прво место по тој показател се покажа теренецот „Land Cruiser“ (фото).

Просечната должина на сопственост на моделите во првата десетка се движи меѓу 8,8 и 10,6 години. Тоа е со меѓу 21 и 45% повеќе од просечниот показател за пазарот, кој е 7,3 години. Во Топ 10 влегуваат 4 автомобили на „Toyota“ – 3 теренеци и седанот „Avalon“ што е единствениот модел од оваа класа во групата. Има уште 4 спортски модели, како и 2 теренеци на „Ford“.

„„Toyota Land Cruiser“ е за клиентите кои сакаат не само издржлив теренец, но и повеќе луксуз. Во исто време овој автомобил е ценовно подостапен од конкурентите како „Range Rover“ и „Mercedes-Benz G-Class““, објаснија авторите на листата.

Присуството на спортски автомобили во Топ 10 пак се објаснува со тоа дека нивната надворешност е безвременска. Дури „Corvette“ од 1953-та година се уште изгледа импресивно и сопственикот тешко се разделува од него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП