5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се задржаа над нивото од 52 долари

Цените на нафтата се задржаа над нивото од 52 долари

Цените на нафтата се задржаа во вторник на меѓународните пазари над нивото од 52 американски долара(УСД) откако Кувајт ја поддржа саудиско-руската иницијатива за продолжување на периодот на намалено снабдување до крајот на март следната година.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 30 центи на 52,12 УСД, колку што скокна и на американскиот пазар, 49,15 УСД.

Саудиска Арабија и Русија се согласија дека периодот на намалено снабдување за околу 1,8 милиони барели дневно би требало да биде продолжен до крајот на март следната година.

Важечкиот договор предвидуваше завршување на тој период во јули оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП