17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на „Македонски иселенички меридијани“ на Славе Катин

Промоција на „Македонски иселенички меридијани“ на Славе Катин

Во Торонто беше одржана промоцијата делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин, издание на издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје.

Делото, за кое се рецензенти поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан и проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ, беше претставено пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, во катедралната Македонската православна црква „Свети Климент Охридски”, а во рамките на активностите на Канадско-македонското историско друштво и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада.

За делото зборуваа Драгица Димовска, уредник и водител на Македонското радио час „Обединета Македонија“ и Тодор (Тони) Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво, а присутните ги поздрави генералниот конзул на Република Македонија во Канада, д-р Јовица Палашевски.

Во своите излагања Драгица Димовска и Тони Марковски , меѓу другото, рекоја дека книгата „Македонски иселенички меридијани“ од познатиот автор на бројни дела за иселеништвото, Славе Катин, е дел од судбините и вистините на Македонци во светот.

Неговото дело е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на 150 личности од македонско потекло.

Во книгата на 600 страници се објавени имиња на познати и признати личности, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на македонските православни цркви од нивното конституирање од дамнина до денес. Овој импозантен број имиња е значаен за македонската национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, со што се прикажува вистината за македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.

Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажува дека тие себеси се вградиле во темелите на историјата на македонското иселеништво и на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид друштва и асицијации.
Сите тие го посветиле својот труд, талент и љубов на дедовската земја и дале значаен прилог и придонес за афирмација на вистината за Македонија, за бројни македонски друштва, клубови и друг вид асоцијации во новата средина во дијаспората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП